НИКОГАШ НЕ ИМ ГИ ПОЗАЈМУВАЈТЕ НА ДРУГИТЕ ОВИЕ 3. РАБОТИ ЗА ДА НЕ ВЕ „БИЕ“ МАЛЕР: Се верува дека ако ја напуштат куќата, со нив одат и СРЕЌАТА и ПАРИТЕ

Фенг шуи е кинеска техника за уредување на просторот и вклучува правила кои обезбедуваат позитивната Чи енергија да тече слободно низ домот.
Важно е да следите одредени правила и упатства, а најважно е куќата да биде уредна, без премногу работи и просторот да биде отворен и пријатен за престој.
Мајсторите на фенг шуи веруваат дека предметите можат да влијаат на енергијата на просторот и на луѓето кои живеат во него.
Исто така, се верува дека одредени чувства или енергетски вибрации може да се пренесат на предмети или да привлечат кавги и несреќи во куќата. Затоа треба да внимавате со позајмувањето и подарувањето работи од дома, но и личните предмети.

This image has an empty alt attribute; its file name is pozajmuvanje.jpg
Позајмувањето паричник како и чанта се смета за многу непријатно во фенг шуи. Ова е поврзано со парични одливи и неочекувани трошоци. Доколку имате луксузни делови од вашата гардероба, тоа важи и за нив.
Колку и да е вообичаено некои пријатели да си позајмуваат облека, тоа не се практикува во фенг шуи. Се советува редовно да ја прегледувате и средувате облеката, како и да го исфрлате она што не го носите и во кое повеќе не се чувствувате убаво.
Сепак, ваквите парчиња не треба да се позајмуваат, туку да се наменат од срце на личноста на која ќе ги подарите. Иако се подразбира дека облеката ќе ја исперете, испеглате и зашиете, доколку е потребно, а тој што го добива подарокот треба да го испере.


This image has an empty alt attribute; its file name is obleka-pozajmuvanje.jpg
Се препорачува да се потопува во ладна вода во која е растворен грст сол, да се чува околу половина час, а потоа да се измие.
Истото треба да го правите и ако купувате некоја облека во продавници со половна облека – продавници „секенд-хенд“.
Не е добро да ги позајмувате вашите папучи на други, се верува дека тоа може да донесе проблеми на работа, застој во професионалното напредување.
Ако не ви се допаѓа вашите гости да се шетаат по дома со чевли, набавете неколку пара од најтенките влечки, како хотелски, кои би можеле да им ги понудите веднаш штом ќе пристигнат.
Конечно, фенг шуи вели дека не треба никому да позајмувате часовник. Кога ќе го вратите во рака, со себе ќе ја донесете сета лоша енергија што можеби ја имала личноста која го носела, особено ако е во лоша фаза.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава „Не можам да платам, не сакам да платам“

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир …