Светската мега ѕвезда Андре Риу следниот месец доаѓа во Скопје

Светската ѕвезда Андре Риу, познат како „современиот крал на валцерот на 23-ти ноември ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Тој во Македонија доаѓа со неговиот 60-член „Јохан Штраус оркестар“, најголемиот приватен оркестар на светот.

Концертот е во организација на „Пасворд Продукција“. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 23 јануари.


Концертите на Андре Риу се огномет од емоции. На речиси 100 концерти годишно, Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични и мелодии полни со душа како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти.

Андре Риу и неговиот оркестар “Јохан Штраус”, ќе го одржат својот концерт во Скопје, на 23-ти ноември 2022-ва година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …