Незадоволството го покажала со полевање со крв: Невиден скандал на црвениот тепих во Кан

Фестивалот во Кан, за жал, некои ќе го паметат по скандалите на црвениот тепих, а не само по фантастичните премиери.
Повторно обезбедувањето морало да реагира за време на фотографирање на црвениот тепих кога се појавила девојка облечена во гламурозен фустан во боите на украинското знаме.
Иако со изборот на облека јасно ставила до знаење каква порака сака да испрати, непознатата девојка не сакала да застане тука, па за време на позирањето извадила капсула со црвена боја што претставува крв и се поливала со неа.

This image has an empty alt attribute; its file name is kan-i-skandal-1.jpg


Се’ се случило пред премиерата на филмот Ацид, а обезбедувањето веднаш реагирало и ја извело бунтовничката надвор.
Девојката го напуштила Фестивалот со насмевка на лицето, очигледно задоволна бидејќи успеала да го направи она што го зацртала.
Инаку, поради ситуацијата во Украина, целиот фестивал во Кан е солидарен со оваа земја, па од минатата година е забрането учеството на руски делегации и филмски компании кои имаат некаква врска со Русија и Владимир Путин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …