Кучињата сакаат да си играат со топки, па кога ќе ги видат не избираат време или место за играње со омилената играчка.
Така, палаво, но преслатко куче ги насмеало навивачите на фудбалски натпревар кога на сред натпревар втрчало во теренот, ја украло топката и почнало да си игра со неа.
Кучето не сакало да ја пушти топката дури и кога еден од фудбалерите го зеде во раце и почна да го носи низ теренот.
@fjerry
Legend
Во еден момент кучето случајно ја испуштило топката, но не ја добило назад, иако на играчите им била дадена нова топка за да ја продолжат играта.
Фудбалерот му го предал кучето на човек од обезбедувањето кој потоа го извадил од теренот, а видеото од неговата палавост стана хит на TikTok и има речиси 25 милиони прегледи.
„Дајте му ја таа топка“, се пошегувал еден коментатор.
„Нема ни грам каење на неговото лице“, додал друг.
Додека кучето го изнесувале од теренот, толпата го поздравила со громогласен аплауз и овации.
Фото: Принтскрин/TikTok