НЕВОЗМОЖНО…НО ВИСТИНИТО – Жената забременила а за се е виновен мачорот:Неверојатна приказна на млад брачен пар која се случува САМО ЕДНАШ!

Маж и жена планирале да го прошират семејството, но поради разни инцидентни тешкотии, тие решиле да чекаат една година, најмногу две. Сепак, нивниот мачор во куќата имал поинакви планови.
Првата бременост била тешка а малото момче побрзало два месеци да се роди. Поради тоа, тој по раѓањето тежел само два килограми и 100 грама. За среќа, тој брзо пораснал и сега е здраво, сито и среќно момче.

 


Поради тоа, мажот и жената решиле да чекаат, но сепак се чини дека требало да го прашаат и мачорот за тоа.


„Нашиот мачот е злобен генијалец. Јас навистина мислам дека тој е копиле кој е попаметен од нас, а тој има едвај една година. Тој се меша насекаде, сака да гледа сè, тој е зачин во секоја супа. Како го усвоивме, почнаа да ми се случуваат чудни работи околу куќата. Утрото сите врати во кујната на елементите ќе бидат отворени, низ куќата се ширеа чудни звуци. Тој е како дух. И тогаш тој ја нашол мојата кутија со кондоми“, напишал анонимен сопруг на „Редит“.

Никој не знае како дошол до кондомите, но тој уредно сите ги вратил во големата кутија. Тука се појавил неверојатен проблем. Мачорот, се чини, со своите канџи ги прободел кондомите!


„Имавме два сексуални односи и по неколку недели, мојата сопруга започна да се жали на гадење и болка. Помислев дека симптомите се исти како во првата бременост, но ништо не ми беше јасно. Па, ние користевме заштита! И тогаш ми кликна. Само што и двајцата не се онесвестивме. Мачорот ги прободел кондомите. Не можам да чекам да и кажам на ќерка ми кога ќе се роди и израсна како дошла на свет. Иако синот ќе остане збунет“, напишал мажот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …