(ВИДЕО+ФОТО) Фотографиите од тесната куќа станале вирални, сигурно ќе се изненадите како изгледа внатре!

Дом од предградието на Чикаго стана локално познат како Pie House (Пита Хаус) заради сличноста со парче пита, а фотографиите и снимките од куќата станаа вирални и на социјалните медиуми.


Изградена во 2003. година во Деерфилд, Илиноис, невообичаено тесната куќа станала своевидна локална туристичка атракција пред која луѓето редовно застануваат.


Позната по својата уникатна форма, куќата всушност се појавила од потреба, со оглед на тоа што градител на имотите за домување се обидел најдобро да го искористи малечкото парче земја, но издржано парче земја, пренесува Oddity Central. Куќата беше продадена во 2007. година за нешто повеќе од 284.000 американски долари.


Фотографиите од куќата неодамна станаа вирални откако беа ставени на американскиот огласник на недвижности Zillow,, а таа, наводно, била продадена пред две недели за 260.000 американски долари. Фотографиите направени однатре покажуваат дека домот е многу попростран отколку што изгледа однадвор, но тоа не ги спречило луѓето да се шегуваат дека куќата повеќе личи на ходник отколку како вистинска куќа и се прашувале како некој може да живее во неа.


Куќата има две спални соби и две и пол бањи. Од очигледни причини, нема гаража, но има паркинг во близина.

„Ѕkinny House“ станала вирална дури и на TikTok, каде снимките од неа собрале повеќе од милион прегледи.

@eli.korn_SKINNY HOUSE SKINNY HOUSE SKINNY HOUSE ##fyp ##100gecs ##geccing ##skinny ##skinnyhouse ##architecture

♬ I Need Help Immediately – 100 gecs & Laura Les & Dylan Brady

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …