НЕСЕКОЈДНЕВЕН СЛУЧАЈ ВО МИНЕСОТА: Сопружници умреле, еден по друг, во рок од 33. часа

После 68. години љубов, еден брачен пар од Минесота, Роберт и Корин Џонсон, починале еден по друг. На 84-годишна возраст, Корин починала прво, а Роберт, 33 часа подоцна.
Членовите на нивното семејство сметаат дека ова не е случајно и дека станува збор за многу редок и необичен случај.
“Мислев дека тато ќе умре за неколку недели, но веднаш штом мама почина, сè тргна надолу и тој умре следниот ден, веројатно од тага по неа. Тешко е да се поверува дека тоа беше случајност”, изјавил нивниот син Брус Џонсон.
Медицинската состојба на Роберт била потешка од состојбата на неговата сопруга пред да биде примена во болница заради срцева слабост.
„Кога мама почина, ја повлече завесата меѓу двата кревети и продолжи да гледа во тој параван“, рекол Брус.
Тие се бакнаале неколку дена пред нејзината смрт. Во тој момент, на сопругот  му шепнала дека го сака. Тие биле погребани заедно во градот Св. Петар. Децата рекле дека нивните родители починале како што посакаат, да не страдаат сами без еден без други долго. Нивниот втор син, Брент, рекол дека неговиот татко е вистински господин на кого нивната мајка секогаш му доаѓала на прво место.
Двојката се венчала во 1951. година и имаат седум деца. До пред шест месеци, тие живееле независно на нивната фарма, по што нивното здравје било нарушено.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈАВА ЗА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: За време на викендот температурите ќе надминат 30 степени, но стабилно ќе биде само во петок и во сабота, потоа невреме

Под влијание на умерен топол бран од Африка, од петок, а особено за време на …