Неделава топло и’ до 14. степени – студот ќе ја „чека зимата“

Денес ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, а ќе има и слаб локален дожд, во текот на ноќта кон среда ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и снег на планините, прогнозира Славчо Поповски.

Максималните температури овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 6. до 14. степени.
Добро е тоа што поради нов продор на студен воздух од север во среда ќе дува засилен северен ветер на повеќе места, токму ова ќе услови значително намалување на загаденоста во воздухот во котлините.


Веќе од четврток наутро повторно температурите на повеќе места ќе се спуштаат под нулата и ќе бидат во интервалот од -6. до 2. степени.
Максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 4. до 11. степени.
Влажен бран повторно очекуваме за време на викендот и истиот ќе услови врнежи од дожд на повеќе места и снег на планините.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Песните на Тоше Проески” – Интернационален натпревар во пеење

Вечерва во Националната Oпера и Балет во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе се …