НБА: Мидлтон одби 40.4 милиони долари за нов потпис со Милвоки

– Ѕвездата на НБА лигашот Милвоки, Крис Мидлтон, ја одби опцијата од 40.

4 милиони долари да ја продолжи соработката со клубот и стана слободен играч, изјавија синоќа неговите менаџери за телевизијата ЕСПН.


Трикратниот Ол-стар учесник се уште може да се врати во редовите на Милвоки, но сега, исто така, може да потпише договор со која било екипата во НБА лигата без обесштетување.

Мидлтон, кој во август ќе ги прослави својот 32 роденден, изминатата сезона имаше проблеми со повредите поради што пропушти 38 натпревари. Во кариерата има просек од 17 поени, 4. 8 скокови и 3.


8 асистенции, и одигра клучна улога во освојувањето на шампионската титула со Милвоки во 2021 година. ег/сд/фото:Фејсбук .

Извор: МИА


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 14.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ќе ве придружува добар работен ритам, имате многу енергија и без потешкотии ќе …