НАЈАВА ЗА СНЕЖЕН БРАН И ЗНАЧИТЕЛНА СНЕЖНА ПОКРИВКА: Доаѓа вистинска зима во Македонија!

По краткотрајното и поголемо затоплување на времето, за време на викендот кој доаѓа, студен и снежен бран ќе ја зафати целата територија на Македонија, информира Попоски.

Ќе има пообилни врнежи од снег, особено во западните предели од државава.


На планините ќе се формира снежна покривка од над 30 сантиметри, во градовите се очекува формирање на снежна покривка од 5 до над 20 сантиметри.

Сето ова ќе биде проследено и со засилен северен ветер.


Во Скопје исто така ќе има врнежи од снег, а ќе се формира и снежна покривка со висина до околу 10-15 сантиметри.

Најголем дел од Балканот овој викенд ќе биде зафатен од снежен бран и од вистинско зимно време, па затоа возачите да бидат крајно внимателни. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што …