Наградата „Астер“ на Данчо Чеврески за исклучителни достигнувања на филмот и ТВ

Со доделување на наградата „Астер” за исклучителни достигнувања на филмот и ТВ на актерот Данчо Чеврески синоќа во Струмица е отворено четиринаесеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест”.
Заблагодарувајќи се на признанието, Чеврески рече дека најпрвин му честита на основачот и организаторот на „Астерфест”, Горан Тренчовски за напорот кој го вложува во траењето на фестивалот.
„Денеска ми се јавија стотина луѓе да ми честитаат за наградадта. Јас мислев дека никој не знае. Ти благодарам Горан“, рече Чеврески.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …