НА ФЕСТИВАЛ ВО ГРЦИЈА три награди за краткиот филм „Змија” на режисерот Андреј Волкашин

„Филмот има пропатувано околу 30. фестивали досега, кои поради короната во најголем дел беа виртуелни. Се надеваме да се среди ситуацијата за да можеме во Македонија да го прикажеме, бидејќи обработува тема која е многу интересна да се види тука“
Краткометражниот филм „Змија” на режисерот Андреј Волкашин освои три награди на фестивалoт за краткометражни филмови „Short Encounters” во Грција.
Наградите се во категориите за најдобра режија, најдобро сценарио и за најдобра споредна женска улога.

„Краткометражниот филм ‘Змија’ го работевме во продукција на ‘ВД Филм’ со продуцентот Елена Станишева, филм кој на фестивалот за краткометражни филмови во Грција беше награден за најдобро сценарио, режија и споредна женска улога – за улогата што ја толкува Габриела Петрушевска. Целиот тим е пресреќен, затоа што филмот го работевме со многу љубов, а ваквите признанија не мотивираат за уште посилна творечка работа“, рекол Волкашин.


„Змија” претходно освои награда и на натпреварот за краток филм во Париз, а плановите на Волкашин се филмот, по ублажувањето на мерките за заштита од Ковид-19, да биде прикажан во киносалите во Македонија.
„Филмот има пропатувано околу 30. фестивали досега, кои поради короната во најголем дел беа виртуелни. Се надеваме да се среди ситуацијата за да можеме во Македонија да го прикажеме, бидејќи обработува тема која е многу интересна да се види тука“, додаде Волкашин.
Режисерот по потекло од Делчево додаде дека на „Змија” му претстојат уште неколку премиери, меѓу кои и фестивалот во Мумбај, Индија, кој поради короната е преместен во септември, како и учество на филмски фестивал во Торино, Италија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …