На денешен ден е роден Дино Мерлин

Един Дервишхалидовиќ попознат како Дино Мерлин е роден на денешен ден во 1962 година во Сараево.  Се смета за еден од најзначајните музичари во Босна и Херцеговина, но и на територијата на поранешна Југославија. Својата музичка кариера ја почнал со бендот Мерлин, но подоцна започнал своја соло кариера.

Во 1983 година Дино ја основа својата музичка група Мерлин каде што пее и за која пишува текстови и музика. Со групата Мерлин снима 5 студиски албуми: Kokuzna vremena (1985), Teško meni sa tobom a još teže bez tebe (1986), Merlin (1987), Nešto lijepo treba da se desi (1989) и Peta strana svijeta (1990).


Својата соло кариера ја започнува во 1991 година под сценското име Дино Мерлин. Текстовите за масовната публика, кои произлегле од неговото лично искуство, се една од главните причини која му овозможува да на босанската и регионалната музичка сцена се смета за еден од најголемите автори.

По појавувањето на албумот “Sredinom”, Дино организира концерт во Сараево на кои доаѓа повеќе од 80.000 љубители на неговата музика. На својата долга листа со успеси, додава и две учества за национални избори за песна на Евровизија. Во 1999 година Дино Мерлин победува, па ја претставува Босна и Херцеговина на финалето на Евровизија во Ерусалим, освојувајќи го седмо место. Дино Мерлин на на 56то издание  на Евровизијата одржано во Германија, Босна и Херцеговина ја претставуваше со песната “Love in Rewind”. Песната е премиерно изведена на BH Eurosong show  која е емитуван во живо на BHRT. За првпат Дино испеа една песна на англиски јазик. Го освоил шесто место и го помина својот пласман од 1999 во Ерусалим, а притоа постигнал втор најдобар пласман на Босна и Херцеговина на ова престижна манифестација. Со успех учествува и на неколку меѓународни фестивали ( Турција, Данска итн.), а исто така е добитник на многу награди и признанија. Моментално живее и работи во Сараево.


 

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …