На денешен ден е роден актерот и режисерот на познатите телевизиски серии „Волшебното самарче“ и „Белото Циганче“ – Ацо Алексов

Ацо Алексов  е роден на 3 ноември 1932 во Струмица. Тој е македонски актер и режисер. Основно и средно образование завршил во родниот град, а Театарска академија (Оддел за глумци) во Белград (1953-1958). Првин бил глумец и режисер на Струмичкиот театар, каде што ја формирал Малата експериментална сцена, а потоа асистент на филмска режија во Вардар филм во Скопје (1959-1961) и телевизиски режисер во МРТВ.

Алексов е еден од основачите на Македонската радио-телевизија. Од неговиот обемен телевизиски опус можат да се издвојат: „Светлини и бои” (1997), „Бог да ги убие шпионите” (1993), „Словенски Орфеј” (1992), „Сили во воздухот” (1992), „Премиера” (1983), „Парадоксот на Диоген” (1975), „Шути и рогати” (1973), „Грдиот нарцис” (1968), „Крчмите” (1966). Серии: „Волшебното самарче”, „Првите цутови”, „Белото Циганче”, „Умни глави” и др. Како глумец настапувал во многу претстави во Струмичкиот народен театар, а глумел и во филмовите: „Капетан Леши” (1960), „Мис Стон” (1958), „Малиот човек” (1957), „Последниот колосек” (1956). Бил асистент на режија на играниот филм „Мирно лето”.


Починал на 13 јануари 2005 година во Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Менторската работилница „Што после средно“

Во среда, на 22 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква, со почеток од 12:00 часот …