НА 45 ГОДИНИ – Актерката Ени Вершинг починала по битка со ракот

Ени Вершинг, актерката најпозната по улогите во ТВ сериите „24“ и „Бош“ и по улогата на Тес во видео играта „The Last of Us“ од 2013 година, починала по двегодишна борба со ракот. Таа имаше 45 години.
Сопругот на актерката ја потврди трагичната вест во изјава за Deadline, а истата подоцна беше потврдена и преку кампањата GoFundMe, споделена за собирање финансиска поддршка за нејзиното семејство.
„Денес има дупка со големина на пештера во душата на ова семејство“, рекол нејзиниот сопруг Стивен Фул. „Но, ни остави алат да ја исполниме. Не научи дачекаме авантурата да не пронајде нас. „Оди, пронајди ја. Ја има насекаде’. И ќе ја пронајдеме“.


Вершинг е најпозната по ликот на Тес во видео играта „The Last of Us“ која подоцна беше адаптирана во серија, потоа го портретира ликот на Амелија Џофе во „Општа болница“, Рене Вокер во „24“, Џулија Брашер во „Бош“, а ја глумеше и Лесли Дин во „Бегалци“ и кралицата Борг во „Ѕвездени патеки: Пикард“. Таа го толкуваше и ликот на Лили Салваторе во серијата „Дневниците на вампирите“.
Откако и бил дијагностициран рак во 2020 година, Вершинг продолжи да глуми во следните две години.

„Таа сакаше да ги заштити своите момчиња. Сакаше да оздрави за да може да продолжи да работи. И искрено, едноставно не сакаше да зборува за тоа. Сакаше да го живее својот живот, според нејзините услови и да биде со своето семејство. “, се вели во соопштението, на описот на кампањата GoFundMe за помош на нејзиниот сопруг и децата.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …