На 16 август ќе биде отворена изложбата на слики и цртежи  од Мики Трендафиловски насловена „Јас и моите пријатели.“

На 16 август 2023/ среда/ од 19.30 часот во Ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на слики и цртежи  од реномираниот кумановски сликар Мики Трендафиловски насловена „Јас и моите пријатели.“

Податоци за изложбата


Идејата за една ваква изложба се роди минатата година кога работев еден проект под наслов „ЈАС И МОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ЗА ТОШЕ ЗА КРУШЕВО“ во организација на Спомен куќата на „Тоше Проески“ во Крушево.

Во оваа време – невремне, кога владејат поделби на големи и мали, на вакви и онакви, кога во светот се водат непотребни војни, ЈАС И МОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ, со оваа изложба сакаме да испратиме една порака дека светот е доволно голем и дека СОНЦЕТО ПОДЕДНАКВО ГРЕЕ ЗА СИТЕ.


             На изложбата ќе бидат преставени десетина мои дела и 35 дела, минијатури и мал формат, од 35 автори од единаесет држави.

            Оваа е изложба без граници, без предрасуди и поделби на големи и мали, изложба каде делата се мали по димензија но големи по вредност и квалитет.


             Слики и цртежи, работени во разни сликарски техники почнувајки од молив, туш, акварел, темпера, масло, акрилик икомбинитани техники се плод на креативноста на МОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ И ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ: Академик Васко Ташковски, Ацо Филиповски, Павле Кузмановски, Ниче Василев, Данчо Ордев, Стојче Гоцков, БранкоКончалиев, Оливера Протиќ,Рајко Каришиќ, Драган Ѓорѓевиќ, Мајпејкер Јонсел,Мирјана Шимуновачки Шуњевариќ, Катарина Ѓорѓевиќ, Ѓура Дрљача, Пламен В’лчев, Јасмина Пајовиќ, Марија Ефтимова, Ајлин Гурбуз, Трајан Трајковски, Весна Маринковиќ Станковиќ, Цветанка Грнчарова, Никола Стојановиќ, Зорана Јовановиќ,Дарија Мазурина, Габриеле Шафрацик, Татјана Диденко, Емилија и Стојче Тоциновски, Анкица Верхас, Асмар Нариманбекова, Етхем Бајмак,Гроздан Крстевски,Надежда Зајкова, Соња Спироска Остојиќ, Ѓорѓе Станиќ и Александар Стефановски.

Изложбата е потпомогната и нејзината реализација е плод на добрата воља и пријателите.

Со желба за добро здравје, повелете на изложбата – вели авторот Мики Трендафиловски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА НА ЧЕТВРТИОТ СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ

Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 29 мај до 1 јуни …