Хуманитарна забава за Трајче Илиовски!

На 16.08.2023 година во Прилеп, локација, Могилата на Непобедените со почеток од 20:00 часот ќе се одржи хуманитарен концерт, поддржан од хуманитарното здружение “Дрим Тим од деца за деца Прилеп” и јазичниот центар ” Дрим Тим Макси”.

Овој пат, сме му потребни на нашиот татко, сопруг, пријател, колега, сограѓанин Трајче Илиовски од Прилеп, кој боледува од канцер. Заедно, да се сплотиме во хуманост и да подадеме рака што живот ќе значи, велат организаторите на овој хуманитарен настан.


На хуманитарната забава ќе настапуваат прилепските млади и талентирани изведувачи и тоа; Алекса Петрески, Филип Николоски, Александар Темелков, Lock Down и The Dreamers, а на Вас останува да донирате и да се забавувате. Секоја купена влезница и секој купен пијалок на забавата е Ваша донација и помош.


Влезниците може да се набават во City Garden (кај Дом на култура), сендвичара Грижо во Точила или да се нарачаат преку телефонскиот број 076614006.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …