МЗ: Тежок пожар во Ковид центарот во Тетово: Има повеќе од 10. загинати!

Министерството за здравство информира дека синоќа страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов. Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се транспортираа во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани. Министерот за здравство д-р Венко Филипче е во Тетово. По завршениот увид ќе ја информираме јавноста за фактичката состојба.

Несреќа та во Тетово однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, министерот за здравство д-р Венко Филипче, изразува најдлабоко сочуство до семејствата. Лекарите се борат за животите на повредените, да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани. МЗ апелира до медиумите и граѓаните да не се шпекулира со бројките. а, сите потврдени информации навреме ќе бидат споделени.


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …