Муслиманите денеска го слават Курбан Бајрам: Bajram Serif Mubarek Olsun

Муслиманите денеска го слават Курбан Бајрам.
Во името на поглаварот на Исламската верска заедница, годинешната честитка по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, до сите верници ја упати деканот на Факултетот за исламски науки, професор доктор Шабан ефенди Сулајмани. Во честитката се вели дека овој празник е израз на љубовта и почитувањето меѓу верниците, чувства што во моментов ги делат со милиони луѓе и аџиите од Македонија кои што се наоѓаат на аџилак.
Се вели дека ова е празник кој не потсетува сите дека треба да им се помага на другите. Упатен е и апел до политичарите да подразмислат сериозно и да се позанимаваат сериозно во врска со проблемите со кои секојдневно се соочуваат сите граѓани на оваа земја, а тоа е сиромаштијата, економската состојба, криминалот и корупцијата.
На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.
Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …