Монструм во Србија: Маж со месеци силувал 3. годишно девојче

Како што јавуваат српските медиуми, девојчето кое во декември треба да го прослави својот четврти роденден била жртва на манијакот од август до почетокот на ноември годинава, кога се дознал целиот случај, по што осомничениот е идентификуван и приведен.
Б.К. од Пирот е уапсен поради сомнение дека ја силувал три годишната Н.С.
„Монструмот три месеци се изживувал над немоќното дете. Ја напаѓал секогаш кога имал можност за тоа“, изјавил извор од истрагата.


Осомничениот се товари за обљуба над детето и му се заканува затворска казна до 10. години.
„Патологијата кај нив е одамна дефинирана. Човек кој е во состојба да силува дете не може да се контролира во такви ситуации, нив просто тоа ги возбудува и чувствуваат желба за сексуален чин“, изјавил психологот Зоран Мустеровиќ кој додал дека овие лица се патолошки болни.
Според него последиците по малечките се трауматични и непредвидливи.
„Големо прашање е како ќе се одвива раснењето на силуваните деца. Родителите се многу значајна, но недоволна поддршка и неопходно е да бидат вклучени и стручни лица за детето што побезболно да го помине тоа“, додаЛ психологот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …