Какво време не чека до крајот на ноември?

Пред нас е сушен и натпросечно топол ноември
Под влијание на антициклон, и во наредниот период во државава времето ќе биде стабилно, суво и натпросечно топло преку денот додека наутро ќе биде студено и со појава на магла и на ниска облачност по одделни котлини, информира метеорологот Славчо Попоски.
Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.
Со ова веќе се потврдуваат и месечните прогнози кои беа издадени за месец ноември во кои беше укажано дека пред нас е сушен и натпросечно топол ноември, но ваквите неповолни временски услови многу лошо ќе се одразат врз земјоделието.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …