„Мој термин“ вечерва гостува на Фестивалот на комедијата „Гола месечина“

Претставата „Мој термин“ по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, во режија на Синиша Евтимов, а во продукција на Македонскиот народен театар, ќе гостува на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“.
Фестивалот се одржува под отворено небо во општина Аеродром од 15. до 19. септември и согласно со сите утврдени протоколи за заштита од КОВИД-19.
Оваа пиеса отвора многу прашања, а одговорите остануваат на публиката на 18. септември со почеток во 21:00 часот. Покрај изведбата на „Мој термин“ во програмата се опфатени и четири претстави од македонски продукции.
Во претставата игра веќе добро познатата актерска екипа: Јордан Симонов — Филип; Тања Кочовска — Бела; Оливер Митковски — Ото; Николина Кујача — Воскресија; Александар Микиќ — Столе; Сашка Димитровска — Лилјана и Александар Михајловски — Силва.

Фотго: МНТ


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …