Модерниот проект „Ист гејт” што ќе се гради во Скопје, утре (19 февруари, вторник) ќе биде презентиран пред стручната јавност на Меѓународниот архитектонски и инжeнерски форум SHARE Skopje 2019 во Македонската филхармонија. За мултифункционалниот комплекс кој ќе биде спој на трговски центар, станбен комплекс и канцелариски парк ќе зборува извршниот директор на „Ист гејт”, Игор Давков.
– Станува збор за проект кој ќе биде следната урбана дестинација во Скопје. На јавноста ќе ѝ донесеме нов и иновативен начин на шопинг, на живеење како и на поинаква работна средина. Нашата цел е да направиме промени. Додека го креираме овој нов, модерен и функционален комплекс промовираме и нови стандарди на пазарот и ја подобруваме сликата на градот – вели Давков.
На Меѓународниот архитектонски и инженерски форум SHARE Skopje 2019 ќе говори и авторот на идејното решение за „Ист гејт”, турскиот архитект Керем Јазган. Студиото Yazgan Design Architecture досега има реализирано проекти во 19 држави меѓу кои се: хотели, аеродроми, спортски комплекси, резиденцијални згради, болници итн. Според нацртите на студиото на Јазган досега вкупно се изградени 6 милиони квадратни метри.
– „Скопје Ист Гејт” е спој на два предизвика во архитектурата: естетика и интелегенција. Јас и мојот тим се водевме од концептот на помислата на Скопје како отворен, зелен град, кој изобилува со рамни линеарни површини и внимававме да создадеме естетски функционално решение за мултифункционална трилогија. Со „Ист Гејт”, Скопје добива нов симбол – Керем Јазган.
На меѓународниот архитектонски и инженерски форум ќе говорат архитекти од цел свет. По Скопје, настанот ќе се одржи и во Тирана, Љубљана, Будимпешта, Букурешт, Белград, Софија, Рига, Варшава и Атина.