Метју Меконахи: „Ова се три работи кои моите деца не смеат да ги зборуваат!“

Познатиот актер Метју Меконахи и неговата сопруга Камила Алвеш имаат три деца, седумгодишниот Ливингстон, 12-годишниот Леви и 10-годишната Вида. За време на неодамнешното гостување кај Опра Винфри, тој искрено зборувал за неговиот семеен живот и за тоа што е забрането за неговите деца.
„Не дозволуваме да лажеме во куќата. Не можете да кажете ‘не можам’ и не можете да го користите зборот ‘омраза’“, открил Меконахи.

Тој додал дека овие три работи би ве довеле во големи проблеми во нивната куќа.
„Се надевам дека моите деца ќе станат независни, совесни, компетентни млади луѓе“, додал тој.
Меконахи вели дека неговите деца се свесни за нивните привилегии, како и за славата на нивните родители, но тој е упорен да ги учи дека таквите работи не се важни.


 

View this post on Instagram

 


the root of the family – mommas – ⁠ @camilamcconaughey #happymothersday

A post shared by Matthew McConaughey (@officiallymcconaughey) on


Тој сака тие да научат да гледаат подалеку од тоа.
„Успешни сме. Имаме убава куќа. Луѓето нè забележуваат на улица. Нашите деца го разбираат тоа“, рекол Метју.
Тој додаде уште една важна работа.
„Но, ние не сакаме нашите деца да мислат, ниту себе тоа си го дозволуваме, дека нивната вредност е во износот на пари што ги имаме на нашата банкарска сметка или во тоа што сме славни“.


Освен тоа, тој не сака неговите деца да се срамат од она што им е овозможено.
„Ние им порачуваме дека не мора да се извинуваат за тоа. Ако некој им каже дека мора да живеат во убава куќа затоа што нивниот татко е познат, не мора да ја наведнат главата. Треба да погледнат и да кажат – да, живееме во прекрасна куќа. Татко ми многу се труди да биде најдобар што може во својата работа“, објаснил тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …