(ФОТО) Направена прва маска која ја убива короната

Научниците ја направиле првата маска дизајнирана да го уништи вирусот користејќи топлина.
Маската се загрева со поминување на струја низ бакарна мрежа со дебелина од 0,1 милиметар, а исто така ќе има изолација што ќе обезбеди сигурна употреба, пишува World Economic Forum..
Научниците од универзитетот МИТ во Америка се надеваат дека се на чекор до реализација на маска што убива вируси со помош на топлина.


Како би функционирало?
Додека лицето што ја носи вдишува и издишува, воздухот циркулира низ мрежата, а сите вирусни честички во воздухот забавуваат и исчезнуваат благодарение на мрежата и високата температура. Овој вид заштита би бил корисен за медицинските работници, тврдат научниците, но и за луѓето кои не можат да одржуваат социјална дистанца, на пример во јавниот превоз.
„Ова е концепт на нова маска која не го блокира вирусот, туку му дозволува да помине низ неа, го забавува и деактивира“, рекол Мајкл Страно, професор на МИТ.
Направени се прототипи и научниците се надеваат дека тестирањето ќе започне наскоро. Тие го претставиле својот концепт и дизајн на bioRxiv, серверот за онлајн печатење .
„Маските што сите сега ги носиме се дизајнирани да запрат дел од вирусот. Тие нудат заштита, но никој не размислува за деактивирање на вирусот и за стерилизирање на воздухот. Тоа ме изненади“, вели Страно.
Тој и неговиот тим пресметале колку брзо коронавирусот ослабува на различни температури и открил дека 90 степени Целзиусови можат да намалат илјадници, ако не и милиони, честички на вирусот, во зависност од големината на маската.


Маската во себе ќе има мала батерија, со чија помош може да се загрева. Засега, во оптек има батерија од девет волти, што е доволно маската да „работи“ неколку часа.
Ако се прашувате како да дишете под маска во која е толку жешко – со помош на батерија, воздухот што го дише корисникот би се ладел, а бакарната мрежа во маската би била опкружена со неопрена.
„H95, хируршките и платнените маски се ефикасни и треба да се носат за време на пандемија“, вели Страно, но предноста на грејните маски е што тие го убиваат вирусот и не мора да се фрлаат по употребата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …