(ФОТО) VW го претставил најјакиот Голф во историјата!

Новиот Golf R има дури 320 коњски сили.

Фолксваген објави фотографии и технички детали од новата генерација на моделот Golf R, кој е помоќен од претходникот со околу 30 „коњи“.


Под хаубата на најмоќниот сериски Голф во историјата се наоѓа 4-цилиндричен турбо-бензинец кој произведува 320 КС (235 kW) и има максимален вртежен момент од 420 Nm.
Силата се пренесува на сите четири тркала преку 7-степен автоматски менувач со двојна спојка.


Интересно е што мануелниот менувач нема да биде достапен за клиентите на европскиот пазар, додека Американците по избор ќе можат да го нарачаат новиот Golf R со ваков тип на преносен систем.

Автомобилот забрзува од 0-100 км на час за 4,7 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 км на час.



Golf R е опремен со специјална спортска суспензија благодарение на што возилото е спуштено за 20 mm во споредба со стандардниот модел.

Возачот има дури 6 предефинирани режими на возење, вклучувајќи ги Comfort, Sport, Race и Individual, а големата моќност на моторот мора да одговара на соодветните сопирачки, така што новиот Golf R има предни дискови со дебелина од 358 mm и 33 mm.


Надворешноста на најмоќниот Golf се разликува од обичниот модел со различен преден браник, аеродинамички додатоци на праговите, специјално дизајнирани 19-инчни алуминиумски тркала, а најмногу со големиот спојлер на крајот од покривот.

Надворешниот дизајн е заокружен со дифузер на долниот дел од задниот браник од кој извираат 4 масивни издувни цевки потпишани од Акраповиќ.

Новиот Golf R ќе пристигне во салоните следната година, а цената во Германија започнува од 42.259 евра.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Репертоар за Мај во Театар Комедија

Мај е еден од најубавите месеци во годината кога пролетта е во целиот свој сјај. …