(ВИДЕО) Снимен шокантен момент во кој кит за малку ќе проголтал две кајакарки

ДВА кајакарки среќно се извлекле откако огромен грбав кит ги превртел нивните кајаци и ги фрлил во вода.
Џули МекСорли и нејзината пријателка Лиз Котриел во понеделникот гледале китови во морето покрај плажата Авила во Калифорнија, кога биле непријатно изненадени од блиската средба со кит кој за малку ќе ги проголтал.
На ТикТок се појави видео од други набљудувачи на кое се гледа како пријатеките се исфрлуваат од нивните кајаци.
За Fox 26 News, Лиз потсетила на ужасниот момент. “Мислев дека сум мртва и дека ми нема спас. Тогаш сфатив дека сум под вода”, рекла таа.


Колегите кајакари брзо притрчале на помош на девојките, а Џули и Лиз излегле неповредени, но Џули ги изгубила клучевите од автомобилот.
„Се вративме кон автомобилот, ја истресов кошулата и испаднаа еден куп риби“, рекла Лиз.


“Се вљубив во нив и чувствувам голема стравопочит кон китовите. Но, никогаш не очекував да видам еден толку близу до моето лице”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …