Може да ја ублажи и кашлицата кај пушачите
Главна состојка во смесата за „чистење“ на белите дробови од токсини е куркумата. Ова растение е познато по своите антибактериски и антивирусни својства, а може да ги намали и воспалителните процеси во организмот. Тоа е идеален додаток на многу јадења и пијалоци, а може исклучително ефикасно да ги отстрани насобраните штетни материи од белите дробови.
Состојки:
400 гр кафеав шеќер
400 гр сецкан кромид
2 лажички куркума
2 лажички рендан ѓумбир
Подготовка:
1. Во тенџере истурете литар вода и додадете кафеав шеќер. Кога ќе зоврие додадете го исечканиот кромид. Оставете да зоврие.
2. Додадете две лажички куркума и 2 лажички рендан ѓумбир. Варете ја оваа смеса на половина покриена додека не изврие на половина.
3. Се остава да се излади, па се прелива во тегла. Смесата ставете ја во фрижидер.
Се препорачува да се зема два пати на ден, по две лажици. Најдобро би било да се зема наутро и навечер.