„Код 369“ продолжува со нов сингл „Револуција“

Битолската група „Код 369“ за своите фанови го објави синглот „Револуција“, а песната е препеана од англиски на македонски јазик.
„Револуција“ е тема која инспирира со позитивниот текст и ведрата и динамична музика и истовремено поттикнува на размислување за општествени промени и промените кои човештвото мора да ги превземе, порано или подоцна, за да го задржи блиското и непосредното, паралелно со сѐ поприсутното виртуелно живеење.
Синглот е проследен со слика – авторско дело на битолскиот уметник Виктор Лозанов. Сликата е претставена во форма на графит на кој вокалистката на „Код 369“, Ирена Димовска-Митревска, повикува на интелектуална револуција. Истиот е инспириран од делата на глобално познатиот графити уметник Бенкси.


Битолската група „Код 369“ реализираше извонреден успех на музички план минатата година, а потпишаниот договор со „Кроација рекордс“ и објавата на албумот „Stages of Love “
(Стадиуми на љубовта) им ги отвори вратите кон целиот регион.
КОД 369 се формирани во 2020 година. Членови на бендот се: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали) и Коста Стеваноски (бас гитара, клавијатури). КОД 369 се продолжение на долгогодишната музичка дејност на членовите на Памперс (Ирена Димовска, Даниел Митревски и Иле Лулевски),
Петгодишниот ексклузивен издавачки договор со „Кроација Рекордс“ беше потпишан минатото лето, после што КОД интензивно почнаа да ја освојуваат хрватската музичка сцена.
Во понатамошната соработка со Кроација Рекордс, ги очекуваат изданија на албуми, фестивали и секако медиумска промоција.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …