САЕМОТ НА МЕБЕЛ СЕ ОТВОРА УТРЕ

Саемот за мебел, како најочекувана манифестација од страна на посетителите се отвора утре, 29. март и ќе трае до 2. април. Саемот ќе се одржи во Комплекс “Борис Трајковски” во монтажни објекти и внатрешниот простор, со работно време од 10.00 до 20.00 часот. Влезницата чини 120 денари, а групна/семејна влезница ќе чини 100 денари по посетител. Онлајн картите за Саемот за мебел се веќе во продажба преку платформите на www.mktickets.mkи www.karti.com.mk

Посетителите ќе имаат можност да ја видат богатата понуда на преку 40 директни изложувачисо повеќе од 80 претставени брендови со атрактивни саемски акции и попусти.


Саемот на мебел овозможува на едно место да се види разновидна понуда на мебел за дневни, спални, детски соби, трпезарии, кујни, бањии секако дополнителни декоративни понуди за домот. Туристичката агенција “Војажер” организира групни посети на Саемот од сите градови од Македонија и регионот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …