МЕЛАНИЈА ГИ ЧУВСТВУВА ПОСЛЕДИЦИТЕ ДО КОРОНА: Првата дама на САД откажала патување, ова се тегобите кои ги има!

МЕЛАНИЈА Трамп го откажала својот прв настап во последните неколку месеци во претседателската кампања на нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи не се чувствува добро, бидејќи се опоравува од ковид-19, пренесува Си-Ен-Ен.
ТВ-мрежата објавила дека првата дама требало да се придружи на собирот на претседателот Трамп синоќа во Пенсилванија, но таа одлучила да не оди.
„Г-ѓа Трамп и понатаму се чувствува подобро секој ден откако се опорави од ковид-19, но поради долготрајна кашлица и поради претпазливост, таа нема да патува денес“, изјавила Стефани Гришам, шефицата на канцеларијата на првата дама.
Меланија Трамп минатата недела изјави дека нејзините симптоми на ковид-19 „се појавија одеднаш и изгледале како тобоган“. Таа навела дека има болки во телото, кашлање, главоболка и чувствува екстремен замор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …