(ВИДЕО) КОРОНАТА НИКОГАШ НЕМА ДА ИСЧЕЗНЕ А НИТУ ВАКЦИНАТА НЕМА ПОТПОЛНО ДА ЈА ЗАПРЕ: Бротанскиот научник објаснува што е поголема закана од ковид 19

„Коронавирусот веројатно никогаш нема да исчезне а вакцината нема да ја запре целосно“, рекол британскиот сер Патрик Валанс во обраќањето пред Домот на лордовите.
Валанс, научник и клинички фармацевт, а неодамна и главен советник за наука во британскиот парламент, верува дека короната еден ден ќе биде како грип и ќе избива секоја година.
Тој посочил дека министрите и експертите треба да престанат да даваат премногу ветувања и да бидат реални кога станува збор за појавата на вакцината за коронавирус.
„Најверојатно нема да се произведува пред пролетта“, рекол Валанс.
Тој исто така рекол дека верува дека грипот е сепак најголемата закана за Велика Британија.


„Мислам дека е малку веројатно дека ќе имаме вакцина која целосно го запира вирусот, оваа болест најверојатно ќе циркулира. Секако, како управувањето со пандемијата ќе биде подобро, вакцинацијата ќе ги намали шансите за инфекција и болеста нема да биде толку сериозна, но тогаш короната ќе изгледа повеќе како сезонскиот грип отколку на што било друго. Тоа веројатно ќе биде патот по кој се движиме“, рекол тој.

Извор: Daily Mail


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …