Македонските арт рокери „Фуснота“ ќе свират на UNDERFEST

Македонскит бенд Fusnota започнува со работа на крај на 2001 година како болен сон на панкери што се замислуваат дека се металци ама се растени на мејнстрим, пробувајќи да свират арт-рок, ама премногу навлечени на дисторзија.

На Рок Фест 2004 го имаат првиот настап, некако стигајќи до финале. Оттогаш па натаму имаат повеќе настапи, во главно низ Скопје, но и по некаде низ Македонија, а и на Демофест во Бања Лука. Првиот албум го самоиздаваат во 2010 година, традиција што продолжува и со наредните три досегашни изданија. Моментално работат на нов албум.


Фуснота ќе свират во петок на 05 април, 2019 година. Влезот е бесплатен.

ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вело Родео денес во Градскиот Парк во Скопје

Денес со почеток во 10:00 часот во Градскиот парк – Школка во Скопје, ќе се …