Македонскиот MyGreatRecipes ја промовира апликацијата на ProductHunt

MyGreatRecipes, апликацијата за готвење создадена од македонски девелопери, денес ќе биде објавена на познатата платформа за откривање нови продукти, ProductHunt.

MyGreatRecipes е апликација која се стреми да ја подобри вашата продуктивност во кујната преку својата база од 100.000 рецепти надополнети со високо квалитетни фотографии и концизни упатства. Апликацијата овозможува ефикасно пребарување на рецепти по состојки и оброци, организирани во колекции и категории.


Со лансирањето на ProductHunt целта е апликацијата да се пласира меѓу првите пет бидејќи со тоа доаѓа голема видливост и популарност како од страна на интернет корисниците, така и од медиумите.


Конкуренцијата на ProductHunt е огромна па затоа ќе и треба вашата помош. Поддржете ја MyGreatRecipes апликацијата на овој ЛИНК.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Свети Григориј, епископ Ниски

Свети Григориј, епископ Ниски Брат на Св. Василиј Велики. Најпрво беше презвитер, зашто беше оженет, …