Клопчето се одвиткува…Откривањето на Харви Вајнстајн е само почеток. Тоа е првиот од многуте скандали кои ќе го потресат Холивуд, говорат ’инсајдери’ од забавната индустрија…
Неименувана телевизиска новинарка тврди дека еден оскаровец сексуално злоставувал на неа блиско лице. Не сакала да го открие името на глумецот, како ниту името на жртвата бидејќи случајот не бил пријавен во полиција.
„Гласините дека тој глумец е злоставувач кружат со години“ рекол неименуван извор за The Sun.
Холивудските шефови биле во паника дека своето име ќе го видат на насловните на весниците и порталите па почнале да соработуваат и прават стратегии со своите адвокатски тимови.
„Харви Вајнштајн слична работа им правел на многу глумици кои со своите адвокати проверуваат колку смеат да изнесат во јавност и дали смеат да го изговорат името на одредено лице. Сепак, многумина се плашат дека откако ќе проговорат ќе ги загубат кариерите.Многумина од нив потпишале договори за молчење, но сега мислат дека е време да ги раскинат“ тврди извор.
Неколку млади геј глумци исто така зборуваат со своите адвокати бидејќи имаат намера да ги „разоткријат“ водачите на славните филмски студија кои веќе долго водат политика „секс за улога“.
„Време е домино коцките да почнат да паѓаат. Се’ ќе се дознае“ додал изворот.
Еден од најголемите скандали во историјата на Холивуд се случил неодамна кога The New Yorker објавил напис во кој жените, со име и презиме, го обвинуваат продуцентот Харви Вајнштајн за сексуално злоставување.
Коосновачот на „Мирамакс“ добил отказ од сопствената куќа, а потоа бил исфрлен и до Академијата на филмски науки и уметности. Повеќе од триесет години ги искористувал и злоставувал жените.