Македонскиот филм „Кога денот немаше име“ со нагрaда на „Мостар филм фестивал“

Наградата за најдобар дебитант ја доби актерскиот ансамбл од Македонија за филмот „Кога денот немаше име“, на доделување на наградите во Хрватскиот дом „Херцег Стјепан Кошача“ во Мостар на 11. Мостар филм фестивал . На фестиvалот беа прикажани 40 филмови од 25 земји. Награден е и филмот „Рајски апартман“ од меѓународниот програм фестивал „Between the Rivers“. Наградата за најдобра женска улога ја доби актерката Мирјана Карановиќ за филмот „Реквием за госпоѓа Ј“, додека Емир Хаџихафизбеговиќ е награден за најдобра машка улога во филмот „Жаба“.
Најдобра женска епизодна улога оствари актерката Хана Селимовиќ во филмот „Име: Добрица, Презиме: Непознато“, а најдобар епизоден актер е Иво Крешиќ за улогата во филмот „Мртви риби“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …