(ВИДЕО+ФОТО) Македонецот Борко Наумовски на Телма со серија од патувањето по светот: Пливал со ајкули, танцувал на карневал во Бразил…

Секоја нација си има свој светски патник, па така и ние. Но, нашиот светски патник не се обложувал дека ќе го мине светот за неколку месеци, туку уживал во својата страст…
Борко Наумовски, кој студирал на неколку факултети во земјава, но и во Шведска и Германија, е светски патник. Има прошетано над 50. земји, во шест континенти во светот за три години. Говори три светски јазици. Работел сешто-од физиотерапевт и фудбалски судија, до спасител на вода,личен тренер, јога инструктор, ТВ новинар, се’ до дипломатска работа за интернационални организации во Брисел и Зумба инструктор во Бразил.

Патувањето е она што го прави среќен. Затоа и дошол до идејата да ја направи емисијата „Светски патник“ која од 9. декември ќе се прикажува на телевизија Телма. Но емисијата тој ќе ги прошета гледачите секаде низ светот. Вели дека има над 4000. видеа од најопасните гета, од бразилските карневали, па се’ до пливање со ајкули, скокање со параглајдер…
„Идејата за травел емисија дојде многу изненадувачки. Работев една година во ТВ Телма како новинар и решив да заминам повторно од Македонија и да го шетам светот преку работа на брод. Идејата сепак ми ја наметна мојата мајка, која ми рече дека додека патувам ќе имам можност да снимам многу емисии. Јас ги обожавам предизвици веднаш почнав да спремам идеи“ вели Борко Наумовски.
Тој вели дека има филмови за Индијанци, за Арапи, за Азија, за Абориџините и неговиот омилен филм за Рапа Нуи, се причината заради која решил да патува низ светот.
„Како тинејџер одлучив сам да патувам, прво со воз низ Балканот, па како апсолвент кога сите одеа низ Европа, јас сам отидов на месец дена во Индија“, открива светскиот патник.
Тој открива и’ дека бил и во гетата во Бразил, на Афрички острови, во Руски опасни клубови. Особено го сака Бразил, за кој вели дека луѓето се неверојатно позитивни, имаат преубава енергија
„Но, Бразилките не се верни по природа и Бразил е прилично опасен, така што кога ќе се оженам идеален дом за моето семејство би бил Нов Зеланд“, открива Борко.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …