Македонец од Охрид потпиша за НБА клубот Сан Антонио Спарс

Џеди Осман е турски професионален кошаркар кој потпиша за НБА, поточно со тимон на Сан Антонио.

Тој претходно играше за Анадолу Ефес од Истанбул во Турската кошаркарска лига. Најчесто игра на крилната позиција, но ако е потребно може да игра и како бек. На НБА-драфтот за 2015, избран е како 31. пик од Минесота тимбервулфс.


Осман е роден во Охрид, Република Македонија од татко етнички Турчин и мајка Босанка. Има постар брат Џанер кој исто така е кошаркар. Почна да игра кошарка во КК Босна во 2001 година. Се префрли во јуниорскиот тим на Анадолу Ефес после извонредниот успех со КК Босна во 2007 година. Заради турското потекло по татко, тој веднаш беше натурализиран како турски државјанин и заигра за турската репрезентација.

Осман потпишал младински договор со Анадолу Ефес во 2007 година. Во сезоната 2011-12 бил позајмен на тимот Пертевнијал од Истанбул. Во летото 2012 година, Осман потпиша професионален договор со Анадолу Ефес.


На 25 јуни 2015 година, Осман беше избран како 31 пик на НБА драфтот за 2015 година од Минесота Тимбервулфс, кој истата ноќ го истргувал заедно со Раким Кристмас за Тајс Џонс (24 пик) од Кливленд Кавалирс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – Постои опасност од по силно невреме и поројни поплави

Метео прогноза на Славчо Попоски: Денес од пладневните часови на повеќе места низ Македонија Атмосферата …