На денешен ден е родена светската музичката звезда Дуа Липа

На денешен ден во 1995 година е родена англиската пејачка, текстописец и модел со албанско потекло, Дуа Липа. Нејзината музичка кариера започнала на 14-годишна возраст, кога таа почнала да препејува песни од нејзините омилени пејачки како Пинк и Нели Фуртадо на You Tube. Во 2015 година, таа потпишала со издавачката куќа Warner Music Group и набрзо потоа ја издала својата прва песна.

Нејзиниот прв студиски албум насловен „Dua Lipa“, бил издаден на 2 јуни 2017 година. Од албумот биле издадени седум песни, меѓу кои и песните „Be The One“ и „IDGAF“ кои се нашле во првите 10 на британската топ листа и песната „New Rules“, која се искачила на врвот на листата. Во 2018 година, Липа била наградена со две награди на доделувањето на Британските музички награди, и тоа за најдобра британска соло изведувачка и најдобра нова британска пејачка.


Вториот студиски албум насловен како „Future Nostalgia“ е објавен во 2020 година. И овој албум наишол на позитивни критики, а номиниран е за шест Греми награди, вклучувајќи ги наградите за албум, плоча и песна на годината, а станал и нејзин прв албум кој се нашол на врвот на листата во Велика Британија. Во 2021 година таа ја освоила наградата за најдобар женски изведувач и албум на годината на Британските музички награди.

Меѓу погоре споменатите награди Дуа Липа има и две МТВ европски музички награди, една МТВ видео музичка награда, две Билборд музички награди и една Американска музичка награда.


Интересен факт е дека во своја сопственост има два Гинисови рекорди и тоа, во 2020 година за најмногу продадени карти за livestream концерт за женски соло изведувач, и во 2021 година за најмногу преслушувања на Spotify во текот на еден месец, исто така за женски соло изведувач.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …