Застрашувачко видео покажува што пушењето прави на вашето срце!

На сите ни е познато дека пушењето е многу штетно за плуќата, но многумина не знат дека за една од десет смрти предизвикана од болестите на срцето е одговорно токму пушењето, пишува Мen’s Health.

СЗО (Светска здравствена организација) го објавила видеото со цел да ја подигне свеста за дејството на цигарите врз здравјето на човековиот организам и да ги охрабри пушачите да ја откажат штетната навика.
На почетокот од видеото се споменува дека пушењето цигари е најчестиот причинител на срцеви болести. Во следните минути од видеото, срцето започнува да чука се’ побрзо, а од крвните садови излегува чад кој укажува на неговото преоптоварување.
Видеото е објавено по повод Светскиот ден за борба против пушењето кој се одбележува секоја година на 31.ви мај, а видеото завршува со пораката “Заштитете го своето срце и изберете здравје, не цигари”.
Освен што гледачите ги известува за срцевите болести предизвикани со пушењето, исто така предупредува и дека пасивното пушење го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар.


За да ги илустрира ефектите кои пушењето ги има на срцето, во видеото се покажува трансформацијата на здравото срце во оштетено.
Статистиките покажуват дека пушачите имаат двојно повеќе шанси за срцев удар од непушачите.
Пушењето многу влијае на работата на нашето срце бидејќи ни ги затвора артериите. Маснотијата која се собира во артериите ги прави потесни што го ограничува количеството на крв кое минува низ срцето.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …