Магичното етерично масло од дива роза ги брише лузните и ја зачувува убавината на лицето

Ладно цедено, нерафинирано масло добиено од плодот на дивата роза или шипинка е многу богато со антиоксиданси, како што се ретиноична киселина и витамин Ц. Продира длабоко во кожата и интензивно ја хидрира. Овие витамини делуваат за да го забрзаат обновувањето на клетките на кожата и даваат свеж и сјаен изглед.
Ова масло е едно од најдобрите масла за нега на зрела кожа, а денес станува се почеста појава во третманот на неправилности и лузни на кожата. Има значителни регенеративни својства и се смета за многу вредно масло за нега на кожата на лицето и телото.
Маслото од дива роза најчесто се користи за нега на зрела кожа, бидејќи ја ревитализира, регенерира и подмладува. Ги смирува длабоките брчки и го стимулира формирањето на колаген, па затоа често се користи за лекување на регионот околу очите. Синтезата на колаген во кожата се намалува со возраста, а нејзиното формирање е важно за кожата да ја задржи својата еластичност и цврстина.
Редовната употреба на масло од дива роза спречува формирање на лузни, стрии или акни. Тоа е моќен лек за ублажување на хиперпигментацијата и други промени и оштетувања на кожата, предизвикани од прекумерна изложеност на сончева светлина. Маслото од дива роза е богато со антиоксиданси кои ги спречуваат негативните ефекти на УВ зраците и го забавуваат фото-стареењето на кожата.

Како се користи маслото од дива роза?
Ако се нанесува на влажна кожа, маслото од дива роза може да се користи наместо крем за лице или серум. Од него може да се подготват маски и пилинзи за лице и тело. Со само неколку капки од ова масло, можете да го збогатите и вашиот обичен крем за лице, како и лосион или млеко за тело.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бимилк на „Генералка викенд“ – за почиста животна средина во Битола

Бимилк се вклучи во најмасовната еко акција „Генералка викенд“. Повеќе од 110 вработени на Битолска …