Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
НЕКОИ луѓе имаат вродена дарба за негување на односи,како љубовни така и пријателски и семејни, и навистина е лесно да се сакаат.
Астролозите тврдат дека таквите луѓе обично се раѓаат во три хороскопски знаци што важат за најдобри партнери и пријатели, пренесува „Elite Daily“. Тие имаат големо срце, во врската избираат блискост наместо слобода, нивната верност е сè. Затоа тие совршено се вклопуваат во уникатната улога на најдобар пријател и љубовник. Ако ова звучи како нешто што го сакате, таков партнер ќе најдете во еден од овие хороскопски знаци:
Бик
Ако сакате љубовник и најдобар пријател, пронајдете некој Бик. Тие се срдечни, дарежливи и сигурни партнери. Секогаш можете да сметате на Бик, тој ќе ви го чува грбот во секоја ситуација. Бикот е секогаш првиот човек што им нуди рамо за плачење на пријателите и партнерот.