Летото пристигна: Најавени се „пеколни“ температури!

Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност додека во попладневните часови се очекува изолиран развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ која веќе ја зафаќа државава, во следните денови температурите ќе бележат тенденција на голем пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 25. до 33. степени, додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до околу 35. степени.

Поради релативно високата влажност во воздухот и понатаму времето ќе биде „тешко“ и спарно па така температурите на воздухот ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.
Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност додека во попладневните часови се очекува изолиран развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Поради многу топлиот бран и УВ индексот ќе бележи голем пораст и ќе има екстремни вредности и тоа од 10 до 11 па така доколку излегувате следните денови задолжително со себе да си понесете заштитна опрема односно капа и очила за сонце.
Се препорачува возрасните и изнемоштените лица да не претстојуваат на силното сонце подолг период и да бидат претпазливи во периодот од 10. до 1.7 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …