(ФОТО) Крај на романсата: Ирина Шајк „се иселила“ од куќата на Бредли Купер!

Како што известува британски „Mirror Online“, Ирина Шајк се иселила од куќата, вредна 3,6 милиони фунти, на Бредли Купер, после недоразбирањата и „ладењето на романсата“.
Наводно, Ирина се иселила од куќата заедно со двегодишната ќерка Леа Де Сеинт, која ја има од врската со Бредли Купер.


Еден добар пријател за The Sun рекол:
„Работите помеѓу Ирина и Бредли се дефинитивно премногу изладени.Тие не се добри веќе неколку месеци и Ирина одлучила дека е најдобро ако таа се исели од домот на партнерот. Веќе одамна тие не изгледаа како вљубена двојка и ова е само резултат на нарушениот однос“.



Порано оваа година се слушаа шушкања дека „врската им виси“ но двојката, како и воопшто за нивната врска, не се огласуваше со никакви изјави. Но, се чини дека хемијата помеѓу Лејди Гага и Бредли Купер која била премногу присутна на вечерта на оскарите придонела за влошување на односите. Иако на социјалните мрежи наголемо се шпекулираше за врската помеѓу актерите од Ѕвездата е родена“, Лејди Гага се’ демантираше.


Иако Mirror Online ги контактирал претставниците за медиуми на Бредли Купер и Ирина Шајк не добиле никаков одговор.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …