Концерт на Психомодо Поп вечерва во МКЦ

Вечер, во Младинскиот Културен Центар во Скопје, како дел од прославата на 30 годишнината од Авалон Продукција, ќе се одржи вториот од трите планирани концерти од проектот „Back to MKC 1993-2023“. Вечерва публиката ќе ужива во настапот на легендарната хрватска рок група Психомодо Поп.

Концертот на Психомодо Поп во октомври, 1993та е прв концерт на Авалон Продукција во Младинскиот Културен Центар. Психомодо Поп тогаш свиреа во МКЦ во петок и недела, а во сабота во Младинскиот Културен центар во Штип. Концертот во петок во МКЦ останува раритетен по неколку работи…


Првата е фактот што веројатно никогаш во историјата на МКЦ немало повеќе луѓе во денсинг салата… тоа ние го знаеме затоа што ние ги продававме влезниците – точно неверојатни 1.251 влезници + гратиси

Втората е тоа што концертот ќе остане запаметен како еден од најексплозивните и најенергични концерти одржани во таа сала, бидејќи концертот дојде после една подолга пауза од свирење во МКЦ, после војната и распадот на СФРЈ.


А, третиот факт, можеби не е ексклузивен на регионално ниво, но во Скопје веќе никогаш не се повтори фрлањето на Гобац гол, како од мајка роден, од звучниците директно во публика.

Информациите кои ги имаме зборуваат дека многу луѓе од цела Македонија, не само што биле на легендарниот концерт во 1993та, туку се спремаат да дојдат и вечерва. Од наша страна имате гаранција дека Психомодо Поп се цврство во 21ви век, свират подобро од било кога досега и новите синглови, албуми и спотови им се се’ уште на завидно ниво. Со сите оние кои во 1993та биле во МКЦ и планираат да дојдат и сега, како и со нивните ќерки и синови, се гледаме во четврток во денсинг салата во МКЦ!, се вели во објават од Авалон Продукција.


Преостанатите дневни влезници се во продажба на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx низ Македонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Спектакуларната музичка драма „Валкира“ од Рихард Вагнер во изведба на Софиската опера и балет вечерва во НОБ

Во рамките на 52-то издание на „Мајските оперски вечери“, вечерва со почеток во 18:00 часот …