Концерт на Културно Уметнички Работници во рамките на музичката програма на CineDays – CineMusic

Групата Културно-уметнички работници во рамките на музичката програма на CineDays – CineMusi, денес има концерт со почеток во 23:00 часот.

Групата Културно-уметнички работници постои од март 1999 година. Формирањето на овој состав е резултат на големото дружење и алкохолната интеракција во Кафе-барот „Браво“ меѓу членовите на групите Тотално Опуштање, No Name Nation, Бомбашки Процес, Жолтица на Бродот Баунти и Рок Агресори. Имено, членовите на овие групи решија да се состават во една дива орда и со здружени сили да се борат за ширење на рок културата. Од 1999 година наваму, групата К.У.Р. има одржано голем број на самостојни концерти и има свирено на сите позначајни фестивали во Македонија меѓукои Андерфест и Таксират и регионот. Досега имаат објавено седум албуми, а во најава е нивниот нов концертен албум, снимен во МКЦ, со кој што ќе ја одбележат 25-годишнината од нивното постоење.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …