Концерт на џез триото Кондовски, Дробицки и Омерагиќ во КИЦ

Во Културно информативниот центар во Скопје, Салон 19:19, вечер ќе се одржи концерт на џез триото Кондовски, Дробицки и Омерагиќ.

 Како што соопштија од КИЦ, станува збор за неконцептуален современ и слободен џез стил во комбинација на фразирање во стилот на класичната музика и импровизации.


Импровизациите создаваат композиции конструирани во зададена форма. Издадени се два музички албуми „Away” и „Outcasts” за издавачката куќа PMGJAZZ.

-Албумите се приказни искажани преку музика и генерално раскажуваат четива за имиграцијата, за напуштените домови, за анксиозноста и напуштање на младите луѓе за подобар свет, воедно и отпадништвото на уметниците кои се трудат да ја подигнат културата како на глобално, така и на локално ниво.


Стилот на неконцептуалност е креирана во слободните импровизации, паралелно со тоа се доловува и приказната за слободното делување како и одговорноста на самата слобода во нас, како луѓе, а пред се како уметници, информираат од КИЦ.

Концертот е втор во серијалот „unplugged“ концерти кои ќе се реализираат во Салон 19:19 во рамки на годишната музичка програма на Културно информативен центар – Скопје за оваа година. бт/са/Фото/ КИЦ .


Извор: МИА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …