Контролорката Мијата на музички фестивал во Италија

Јас сум контролор на летање вљубен во музиката и се воодушевив кога видов дека не сум сама на светот. Во два дена на овој open- air фестивал ќе настапат 13 бендови од разни земји во светот. Секој бенд има најмалку еден контролор на летање со активна дозвола …


Мијата на 10.тти септември ќе го отвори музичкиот фестивал на контролори на летање во Саленто, Бриндизи,Италија. За овој настап таа создаде свој бенд од врвни музичари, наречен „Контрол фрикс“. Иво Митковски на тапани, Петар Димитриовски (Mark Purpose) на клавијатури и Кире Мирчовски на гитара.
„Контрол фрикс“ ќе бидат дел од фестивалот кој ќе се одржи за прв пат оваа година.
„Јас сум контролор на летање вљубен во музиката и се воодушевив кога видов дека не сум сама на светот. Во два дена на овој open- air фестивал ќе настапат 13. бендови од разни земји. Секој бенд има најмалку еден контролор на летање со активна дозвола, а јас им благодарам на моите колеги од Македонија кои ме избраа за свој претставник. Голема чест ми е што нашиот „Контрол фрикс“ ќе го отвори овој историски фестивал со надеж дека ќе прерасне во традиција и здравје можеби и’ Македонија ќе биде земја домаќин. Се надевам на убава контрола на летање на сцена“, ни изјави Мијата.


„Контрол фрикс“ ќе имаат настап од цели 40. минути во кој има многу песни кои ги поврзуваат контролорите, како Crazy, Wake me up, Move in the right direction, а секако Мијата нема да заборави ниту на своите „Верувам во себе“ и „Regret“.
Освен нашите „Контрол фрикс“ ќе настапат и контролори од Чешка, Германија, Техеран, Шпанија и други.
Мијата е веќе долго време на македонската музичка сцена и иако пред три години го издаде своето првенче најавува втор албум и други интересни перформанси со нејзин потпис во скоро време.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …