Берт Рејнолдс беше секс симбол и „кршач“ на женските срца и првиот маж кој гол се сликал за „Космополитан“. Рејнолдс со слава се здобил после филмот „Ослободување“…
Актерскиот великан починал во 82. година на живот, пренесува „Дејли меил“. Наводно, глумецот починал од последици на срцев удар.
Неговата смрт ја потврдил агентот Тод Ајснер. Рејнолдс со години се борел со здравствени проблеми, а неодамна бил пуштен од болницата во Флорида каде бил поради треска и дехидрација.Поради проблеми со срцето, во 2010. година имал тешка операција.
Берт Рејнолдс бил секс симбол и „кршач“ на женските срца и прв маж кој гол се сликал за „Космополитен“. Рејнолдс со слава се здобил со филмот „Deliverance”, а улоги остварил и во филмовите „Hustle”, „Smokey and the Bandit”, „Starting Over”…
Улога на животот во „Ослободување“
Филмот „Deliverance“ (Ослободување) од 1972. година му донел светска слава. Наводно, сите опасни сцени Берт ги работел сам, без каскадер.
За малку фатално ќе настрадал во сцената во која со кану се спуштал низ водопад.
Мустаќите – заштитен знак
После филмската слава следела и насловната во „Космополитен“, од која „на стари години“ се срамел. Тој број на Космо од 1972. година се продал во 1,5 милиони примероци.
„Се наежувам кога ќе ја видам таа фотографија. Помислувам каков его манијак треба да бидеш за да направиш такво нешто“, рекол подоцна Берт Рејнолдс кој бил познат и по црните мустаќи.
What former Cosmopolitan editor Helen Gurley Brown once said about Burt Reynolds' iconic naked bearskin rug photo: "He had been a movie star, now he was a celebrity." pic.twitter.com/k3P5bCwAb6
— Michael Blackmon (@blackmon) September 6, 2018
За улогата на режисер на порно филмови во „Boogie Nights” од 1999. година бил номиниран за Оскар во категоријата за споредни машки улоги, кој не го освоил, но освоил Златен глобус.
Еден од најгрдите разводи
Берт се „забавувал“ со најубавите жеиа на светот. Зад него се врските со Фара Фосет, Голди Хон, Сали Филд, Дејна Шор…Два пати бил во брак. Со првата сопруга. Џуди Керн бил во брак од 1963. до 1964. година, а со глумицата Лони Андерсон од 1988. до 1993. година. Прекинувањето со Лони бил еден од најгрдите разводи во историјата на Холивуд. Тој неа ја обвинил дека го измамувала, а таа дека тој физички ја злоставувал.
Непосредно пред смртта Берт бил на филскиот сет со колегите Бред Пит и Леонардо ДиКаприо и Маргот Роби снимајќи го филмот „Once Upon a Time in Hollywood“ на режисерот Квентин Тарантино.
Половина век „блуден“ живот оставило последици на неговото здравје. Во последно време се движел исклучиво со помош на бастун но и пријатели.