Традицијата со Моја Кравица продолжува: Бимилк повторно ги изненади првачињата и им посака сладок почеток на учебната година

Кон желбите за среќен и успешен почеток на учебната година, и оваа година се приклучува Бимилк, подарувајќи им на првачињата ширум Македонија мало внимание за сладок почеток на нивното образовно патување.


Имено, Бимилк и оваа година продолжува со подарување на омиленото чоколадно млеко „Моја Кравица“, како и пригодни подароци за првачињата од 34 основни училишта од 15 градови во Македонија, меѓу кои се и Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Куманово, Тетово, Кичево, Струмица, Штип, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија и Радовиш.


При посетата во ОУ „Коле Канински“ во Битола, Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк, рече:
„Им посакуваме среќна и успешна учебна година на сите ученици, а особено на оние најмалите штотукушто го започнуваат своето патување во формалното образование. Се надеваме дека со ова мало внимание успеавме да ја надополниме нивната возбуда и среќа за новите почетоци. Сигурни сме дека овие мали, умни глави ќе бидат посветени, одговорни и успешни, а нашиот апел до нив е да продолжат да ги практикуваат добрите навики, како што е редовната консумација на млеко и млечни производи за нивниот правилен раст и развој“.


Со полниот вкус на вистинско чоколадо во комбинација со најквалитетното млеко и без конзерванси, чоколадното млеко „Моја Кравица“ со години претставува омилена слатка напивка за сите генерации, а истовремено е и идеално решение за внесување на потребната количина витамини и хранливи состојки неопходни за правилен раст, развој и нормално функционирање на метаболизмот на децата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …